Мицкоски повторно го повика премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев на ТВ дуел:

Ќе зборувам и за уште една работа овдека во Велес. Пред неколку дена од пред платото на владата на Република Македонија го повикав Зоран Заев, го повикав на дуел. Го повикав јас и тој, како претседател на владата и претседател на најголемата политичка партија во Република Македонија и најголемата опозициона партија ВМРО-ДПМНЕ, да застанеме еден спроти друг, да се погледаме очи во очи и да си кажеме за сето она што не можеме да си кажеме ширум плоштадите. Да ни треба малку повеќе време па народот нека суди и нека пресудува кој бил во право. Да збориме откако претходно ќе го избрифираат овие кои што застанаа рамо до рамо со него за нашите ВМРО-вски работи. Ама ќе збориме и за пљачката, криминалот за националното опустошување, за јазикот за македонската нација за криминалот што го правиш со твојата фамилија. И тоа јас и ти пред народот и граѓаните на Република Македонија па они нека судат и нека пресудуваат дали јас ја зборувам вистината или ти ја зборуваш вистината. Ајде охрабри се излези, избери медиум, избери водител и јас и ти очи во очи да збориме.

Ќе рече да сум ја кажел алтернативата. Да сум го кажел мојот став за договорот, за капитулантскиот договор. Па колку пати треба да го повториме. Што треба да направиме за да ти стане јасно кој е нашиот став. НО еве ја алтернативата од градот на гемиџиите кои што крв пролеале за Македонија.

Алтернативата е кога ти ќе си заминеш тоа е алтернативата. И ќе продолжиме да протестираме ширум плоштадите и улиците и нема да се собереме, знам дека е тешко и знам дека и времето не е во наша полза но  нашиот мотив е голем и нашата љубов кон неа кон татковината и кон ВМРО-ДПМНЕ е огромна и затоа што знам дека од ден на ден се повеќе наши согрѓани ни се придружуват. Застануваат рамо до рамо со нас. Знам дека и ним им е тешко и знам дека сите кои што сакаат денес да бидат овде со нас не се затоа што под притисок на претпосавените ако не дај боже ги видат на овие протести ќе бидат избркани од работа или казнети. Знам и ве разбирам. Тоа ни го правеа во средата пред влада. Монтираа камера за да можат шпионски да не снимаат, да не анализираат, да не заокружуваат а потоа морално да не убиваат. Но нема да им помине се лажат. Ќе го издржиме ние ова. Ова е ВМРО-ДПМНЕ, ова е македонски пиреј и непокор. Ова е Македонија каде што македонецот на македонецот е македонец.

Да им се заблагодарам на оние политички партии кои се дел од најголемата и најмоќната политичка коалиција за подобра Македонија, да им се заблагодарам на албанците на турците на власите на србите на бошњаците и на сите останати кои се со нас рамо до рамо во штабовитее на улиците по булеварите по плоштадите што ни даваат поддршка конечно да го растераме ова црнило и оваа темнина.“

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.