Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски не премолче на провокацијата на бугарскиот политичар Ангел Џамбаски, кој на пост на македонскиот премиер Зоран Заев коментираше дека Гоце Делчев е Бугарин.

Зоран Заев, јавно пак ќе треба да напоменам дека „македонската“ револуционерна организација е бугарска. Според првиот Устав името на револуционерната организација е Бугарско македонско-одрински револуционерни комитети (БМОРК). Бугарски, Зоране, Бугарски, Заев. А Георги (Гоце) Николов Делчев, роден во бугарско семејство, во бугарскиот град Кукуш сам себеси се определил како бугарски учител, бугарски офицер, бугарски револуционер, бугарски војвода во бугарската револуционерна организација, напиша Џамбаски во коментар.

Бидејќи Заев не ги штити македонските интереси јас да ви одговорам, ВМРО е Македонија, Гоце Делчев е Македонец, му порача Мицкоски во коментар на Џамбаски.

Бидејќи гледам дека премиерот Заев реши да не ги брани македонските интереси, јас ќе одговорам дека ВМРО е Македонија, а Гоце Делчев е Македонец, и тоа еден од најсветлите ликови во македонската историја – напиша лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.