Правдата е нападната од неправдата, порачаа граѓаните кои синоќа се собраа на протестниот марш организиран од опозициската ВМРО-ДПМНЕ од зградата на Јавното обвинителство до пред Врховниот суд. Насобраните граѓани побараа одговорност од лидерот на СДСМ и поранешен премиер Зоран Заев.

Со овој протест почнува крајот на владеењето на СДСМ“, рече Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ кој вечерва им се обрати на насобраните граѓани.

Правдата е нападната од неправдата, а судската власт е брутално згазена. Заев е виновен бидејќи во исто време е обвинител и судија. На судиите им се врзани устите. Разбирам зошто од власта се нервозни, затоа што народот е кренат на нозе, веќе свесен за тоа што се случува. И со искуство за луѓето кои ни ја водат државата. И нема да поминат никакви дефокусирања со измислени теми. А денес протестираме затоа што неправдата станува неподносливо секојдневие. И затоа што се виде зошто Заев се бореше толку за закон за обвинителство со кој се надева бомбите да не важат. Но ако се премолчи и ова тогаш чуму судство и обвинителство. А обвинителството и судството не смее повеќе да молчи за убвањето на правдта“, рече Мицкоски на протестот „против неправдите кои власта на Зоран Заев ѝ ги нанесе на Македонија“.

Присутните на протестот бараат промена на актуелната власт за, како што велат, да дојде правдата во Македонија.

Мора да има обвинение по кое Заев ќе одговара за попречување на правдата. Согласно Уставот, Врховниот суд на Република Македонија е највисок суд во републиката и го обезбедува единството во примената на законите од страна на судовите. Кога врвот во судството не ви чини, тогаш надоле е труло. Кога во врвот слушаме дека се диктирале одлуки од премиерот значи дека правдата целосно затаила. Затоа бараме итна и неодложна ревизија на работата на врховните судии без исклучок и ревизија на нивите одлуки. Таму каде ќе бидат утврдени неправилности потребно е оставки и одговорност пред законите.

Неопходна е итна реформа на Советот за реформи во правосудството што ќе значи времено суспендирање на секаква негова активност поради контаминираноста на неговата работа и барање на меѓународна експертска помош во реализција на реформите.

Очекуваме реакција, и тоа брза ракција, а доколку ја нема, народот е тука и веќе добро знае што треба да направи и каков одговор да следи на 12-ти април. Затоа во оваа држава под власт на правдоубиецот Заев ниту една работа не е на прав пат, но по вакви злодела, по вакви неправди и брутални грабежи, треба да знаат и тој и таквите како него, и тој и тие кои слугуваат, како и сите други кои ќе се огрешат, прав е патот само до затворот Идризово“, порача Мицкоски.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.