Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ во своето гостување во емисијата „Само Интервју“ на прашањето дали мисли дека сега во ситуација на корона вирус некој ќе се обиде да мести тендери за распиратори како што тоа Филипче и владата на СДСМ се обидоа да го направат го истакна следново:
Јас дали верувам или не верувам времето ќе покаже, но се плашам да не бидам во право и тогаш ќе биде проблемот ако бидам во право. Верувајте многу ретко во животот газам на трула штица и во овој случај не би сакал да бидам во право, но за жал можеби ќе бидам во право.
Мицкоски во своето интервју порача дека ВМРО-ДПМНЕ како опозиција во овој случај сака најмногу да помогне, а тоа го покажа и со пратката која што денеска стаса како резултат на опозицијата.
Еве денска имаме една пратка која што е дојдена како резултат на опозицијата, но ќе следат и дополнителни пратки кои се вистински хуманитарни кои што граѓаните на Македонија ќе ги чинат 0, не како други хуманитарни летови кои чинат пари и сето тоа ќе биде распоредено по институциите на коиние кои што им е најпотребно, додаде Мицкоски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.