Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ во своето гостување во Радио Лидер зборуваше за целиот случај поврзан со Сашо Мијалков каде посочи дека власта го пуштила Мијалков да избега во Белград и потоа под притисок на власта Мијалков се враќа во Македонија. Тоа е дел од овој театар, од овој циркус кој што ние го нарековме и срам кој што го нанесе Зоран Заев и Спасовски на Македонија и на граѓаните.

Според него, ако граѓаните претходно немаат доверба во политиката сега после овој театар уште повеќе ќе немаат.

Луѓе кои го познаваат Мијалков и се негови блиски пријатели сега веќе на големо зборуваат дека во последните недели, да не речам месеци единствено со кој што комуницирал и со кој што имал би рекол непосредна комуникација и огромна доверба и кого го слушам тој бил Зоран и Вице Заеви. Ова се кредибилни извори кои што велат дека довербата била на тоа ниво да практично никој друг не слушал освен тоа што ќе го кажеле Зоран и Вице Заеви бидејќи тие му ветиле нему дека нема да се случи тоа што денеска се случи. Но очигледно дека притисок бил преголем во даден момент и врз Зоран Заев и тој морал да ги примени тие методи кои јавно ги кажа на прес конференција. Нашите информации се дека дека Мијалков стигнал до Белград се враќа назад и потоа следи оној циркус со тоа дека вие господине Мијалков сте во Македонија и така натаму, кажа Мицкоски. Потоа Мицкоски посочи дека тој е згрозен од целата оваа ситуација која се случува Јас сум згрозен од сето ова што се случува не затоа што очекувам повеќе од Зоран Заев туку едноставно што дополнително кога мислите дека тој го допрел дното, тој копа подлабоко и оди уште подлабоко во некое дно, додаде Мицкоски

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.