Меѓународниот ден на образованието нашата држава го дочекува со 20 илјади деца кои не следат настава затоа што немаат компјутери, штрајк на матурантите, реформи од Финска” кои не се од Финска, а кои се туркаат на сила и без консензус;  со обид да се укине предметот историја како посебен предмет, коментира лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Со ниту еден универзитет кој е на Шангајската листа од 1000 најдобри универзитети во светот и со образование кое е политизирано, наместо професионализирано. Сето ова не го ветија, ама го остварија. А од ветеното ништо не исполнија.Со ваква власт нема иднина. Образованието системски се уништува.Наша е иднината и ние заедно ќе се избориме.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.