На денешен ден пред 75 години македонската азбука е усвоена како официјално писмо на македонскиот јазик. Блаже Коневски велеше јазикот е нашата татковина, а Крсте Петков Мисирков напиша дека постои македонска национална култура и историја, зашто тој факт го вооружува македонскиот народ со непобедливо оружје во неговата борба за човечки права и за слободен национален живот како рамноправен член во бројот на културните народи.
Денеска како никогаш порано македонскиот јазик и нација се ставен пред премрежије и негација поради лошите и непромислени политики на актуелната власт. Штетната политика на власта ја отвори вратата на пропагандите, негациите, проблемите, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во честитката по повод 5 Мај – Денот на македонскиот јазик и азбука.

Нашето вековно постоење и македонската самобитност на нација и јазик е загрозена и замената со желбата за моќ и пари на оние кои управуваат со власта. Тие сакаат да управуваат и тргуваат со нашето постоење. Со едната рака покажуваат како го бранат јазикот, со другата го раскрчмуваат.

Но, сакам да потенцирам дека јазикот е жива материја и истиот опстојувал со веков и ќе продолжи да опстојува и понатаму без разлика кој и да сака да го загрози. Македонската нација и јазик поминале низ поголеми премрежија, но останале тоа што се. Ќе го поминеме и овој период како што доликува.Повикувам на поголема свесност на негување и зачувување на нашиот јазик .Дозволете ми уште еднаш да ви го честитам 5 мај- Денот на македонскиот јазик и азбука со желба за долг и вековен развој – додава Мицкоски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.