Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски декенска во Охрид ги слушна проблемите на охриѓани во рамките на Разговорите за обнова на Македонија. На охриѓани Мицкоски  им вети убедлива победа на 12 април 2020 година, која ќе обезбеди што е можно повеќе пратеници за да може ВМРО-ДПМНЕ да ги реализира ветените политики.

А за бидеме подобри и поконкурентни, потребни ни се овие средби, да разговараме со граѓаните за нивните проблеми, а потоа да направиме програма која ќе понуди решенија за тоа што можеме да решиме во еден мандат. Нам ни е потребно ова, нам ни се потребни овие разговори за да учиме да бидеме подобри и да ја испорачаме најдобрата програма. Да не ни се случи некој за нас да прави рецензија и да излегува со бројки дека повеќе од 90% од тоа што било ветено во таа 2020 година не било испорачано, рече Мицкоски.

Мицкоски се осврна на рецензијата на предизборнатаа програма на СДСМ од 2016 година.

Ние започнавме со проект кој што го именувавме како најголемата рецензија на најголемата поличка лага наречена „Живот во Македонија“. Досега поминавме две области, првата беше енергетиката, втората беше образованието.

Во енергетиката буквално 98% од тоа што е ветено не е испорачано. Значи реализацијата тоа кое што било ветено во2016 година за време на предвремените парламентарни избори, не било реализирано 98%. 

Во образованието повеќе од 90% немаат реализирано од тоа што го ветиле за време на изборите во 2016 година. Нема реновирани студентски домови нема квалитетно образование, универзитетите потонаа на Шангајската листа, од 1000 места најстариот универзитет во Република Македонија, универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ денеска трета година воопшто не се ни наоѓа на рангирањето на шангајската листа. Нема младинска гаранција, за основните и средните училишта кои што ќе постигнат вонреден успех беа предвиделе во најголемата политичка лага зголемување на платите до 20% на вработените и велеа 10% од најдобрите основни училишта и 5% од средните училишта вработените во тие училишта ќе добиеле по 20% поголема плата од останатите. Ветуваа посебни кампови за талентираните деца каде што тие ќе се обучувале за натпревари, олимпијади, нити од тоа има нешто, еден куп лаги, еден куп невистини. Го укинаа екстерното за сега да воведат државен испит без никаква анализа, без никаква јавна дебата. Буквално немаат ништо реализирано, рече Мицкоски.

Денеска Зоран Заев е уплашен човек. Знае дека водеше политика на свиткана кичма на слугување, измислуваше, лажеше, креираше кампања против мене. Како се не ме нарекоа, рече Мицкоски потсетувајќи ги охриѓани на политиката во последните три години, но и на вчерашната одлука на ДКСК.

Скандализираше работи кои што видовте и вчера дека ДКСК која што тој сам ја избра, самата му кажа дека сета онаа црна кампања која што нанесе штета за време на претседателските избори, која што нанесе штета на мојот интегритет и интегритетот на моето семејство, но најважно е што донесе штета на ВМРО-ДПМНЕ. ДКСК јасно кажа дека било измислица неточна, биле обични лаги, клевети и обид да се засени лидерот на опозицијата, ама со него ќе го засениме и најдобриот кандидат што некогаш се појавил на претседателските избори, проф. Гордана Силјановска Давкова, а со тоа ќе го засениме и ВМРО-ДПМНЕ. Вистината порано или подоцна излегува на виделина. А вистината излезе вчера и токму од неговата антикорупциска комисија. 7:0 едногласно рекоа дека тука има само креација и лаги, дека тука нема ништо вистинито. Никој денес не слушнав да се извини. Сите оние што имаат полни усти со европски вредности, со честитост, чесност, вистина, еден не слушнав денес да излезе и да каже “се извинувам, погрешив”. За каква вистина зборуваме, рече тој.

Им ветуваше на вработените во образованието, потпишуваше колективни договори и најново сега им ветуваше дека од 1 јануари идната година ќе им ги покачел платите за 10%. Што е вистината и каква е вистината, праша Мицкоски осврнувајќи се на состојбите во образованието, за минималната плата и за пензиите.

Уште еднаш ќе повториме, според колективниот договор за вработените во образованието, секоја позиција си има коефициент на сложеност и стручност на работното место. За пример ќе ги земам наставниците и професорите од основното и средното образование. И тој коефициент е 2,5,33. Коефициентот 1 е минималната плата во државата. До вчера минималната плата беше 12.500 денари, помножете го ова со тој коефициент кој ви го кажав 2,5,33. Ќе ја добиете вредноста која што сите вработени во образованието треба денеска да земат плата. А од денеска, тој коефициент помножете го со 14.500 денари, затоа што од пред некој ден, од завчера, минималната плата е 14.500 денари. Помножете го со коефициентот 2,5,33. Таа е платата која што вработените во образованието без додаток од стаж и без додаток од класно раководство треба да ја имаат. А не оваа која што денеска Зоран Заев и владата на СДСМ велат дека ја даваат.

Тоа се 10.000 денари повеќе секој месец. Ајде нека се охрабрат ако се честити, ако се искрени во намерата, а не го користат тоа во популизам, ајде ако сте честити зголемете ги платите на наставниците во основните и на професорите во средните училишта онолку колку што треба согласно законот за минимална плата и согласно колективниот договор во образованието. Кога сме кај минималната плата два дена траеше комисиската расправа за зголемување на минималната плата на 14.500 денари.

Вториот ден бидејќи многу им значеше на оние лицемери од СДСМ и од парламентарното мнозинство не можеа да се соберат 61 во парламентот да го изгласаат тоа што самите го предложиле. Не кодошеа не клеветеа пишуваа статуси ВМРО-ДПМНЕ бил против минималната плата не е точно. ВМРО-ДПМНЕ гласаше затоа што тие лицемери немаа 61 пратеник кој што во тој момент ќе ја изгласаше минималната плата туку ВМРО-ДПМНЕ за интерес на граѓаните бидејќи тоа го вети во програмата во 2016 година дека во 2020 година минималната плата ќе биде 15.000 денари но не вака интервенционистички туку врз основа на реални економски параметри ќе ја зголеми. Гласаше и денеска минималната плата е 14.500 денари, а овие лицемери кои што тоа го ветуваа и клеветеа и кодошеа и зборуваа невистина не успеаја да соберат 61 пратеник за да може да им го поддржи она кое самите го ветија.

Ајде да зборуваме и за пензиите гледам полни им биле устите пензионерите ќе добиеле 700 денари плус. Ајде за тоа да зборуваме. А зошто да не зборуваме за оние срамни и понижувачки 36 денари кои сега ги добија. Го слушам во Прилеп се препелка навредува се сеќавате на она „мало сутра” примитивно вели се заканува уплашен човек знае дека после 12 април одговорноста следи нема бегање. Доаѓа потоа одговорноста. Вели ние ја покачивме просечната плата во државата за 3000 денари. Ако вие сте ја покачиле просечната плата за 3000 денари согласно законот за пензии тогаш требаше пензијата да ја покачите за најмалку 1500 денари. Колку е сега пензијата? Нека ги погледнат паричниците на пензионерите. За 3 години од 2016 година до 2019 година 5 проценти вкупно се зголемени пензиите. Девалвацијата, инфлацијата, трошоците за живот се повеќе од 6 проценти.

Во периодот до 2010 до 2016 година пензиите се зголемија за 33 проценти или 5,5 проценти годишно, колку овие за 3 години успеаја да ги зголемат. Кого лажете? Им земавте на пензионерите по 1.500 денари со закон па сега ќе сте им врателе 700 денари. Немојте да мислите дека овој пат лагата ќе ви помине. Ве чека огромен сенароден револт позади гласачките кутии на 12 април 2020 година. А на 13 април подгответе се за одговорност за се она кое и го направивте на Македонија. Често пати велат добро овие не ги бива ништо не направија излажаа, што нуди ВМРО-ДПМНЕ? Што нуди ВМРО-ДПМНЕ за да го привлече гласот на граѓаните. ВМРО-ДПМНЕ нуди политика која што ќе се темели на честитост, чесност, принципи, аргументи, работа, работа и само работа. ВМРО-ДПМНЕ нуди спротивно на примитивните радикални политики од типот all in, тепсијата , баклавата , мало сутра или они смешни пранкери кои што го насамарија нашиот премиер една година.

За реформите што ги превидува ВМРО ДПМНЕ, Мицкоски рече дека неговата партија носи сериозност, носи стратегија и остварување на крајната цел. Брз економски развој, за да имаме брз економски развој потребни ни се темелни реформи во правосудството но не само како реторика него овој пат и испорака, испорака уште во првите 100 дена, уште во првите 100 дена граѓаните ќе ја забележат разликата помеѓу оваа влада неспособна на СДСМ и умерениот патриотизам кој што ќе победи на 12 Април 2020 година. Огромна ќе биде таа разлика.

Со реформи во правосудството со реформи во обвинителството и во судството, следуваат и инвестиции следуваат повеќе средства во буџетот а со повеќе средства од буџетот ќе има повеќе и за реформи во образованието и за реформи во здравството и за реформи во земјоделието и за реформи во пензискиот систем и поголеми пензии за пензионерите , поголеми реформи за бизнисмените и сето тоа ќе биде дел од следната програма на ВМРО ДПМНЕ , но ќе се темели на методологија која што ќе можеме да ја докажеле и која што ќе можеме да ја оствариме.

Ние нема да си дозволиме да ветуваме се и сешто. Зоран Заев и овие малкумина уште што не ветиле бесмртност, друго буквално се ветуваат ширум Македонија. Ние тоа нема да го ветуваме. Ние ќе ветуваме она што можеме да испорачаме, затоа што сакаме да си го сочуваме образот, затоа што сме луѓе од збор, честити луѓе и луѓе кои што сакаат да си ја видат државата модерна европска држава која што ќе нуди можност за сите граѓани без разлика на нивната етничка и верска припадност.

Умерениот патриотизам е неизбежен и неизбежна алка, а тоа е како назад за си го вратиме македонизмот, како назад да си ја вратиме Македонија во Македонија. Доста беше антиквизација, доста ни беше севернизација нам ни треба македонизација и тоа македонизација во секој сегмент од македонското општество. Македонизација и во Охрид и во Тетово и во Куманово и во Струмица и во Велес и во Гевгелија, рече Мицкоски.

Македонизмот не треба да биде ексклузивно право само на македонскиот народ. Ние сите тука сме се родиле, тука сме живееле тука сме растеле сме се образувале сме тагувале и сме се радувале и претпоставувам, најголемиот дел од нас тука ќе ги завршиме нашите животи. Без разлика дали сме Македонци дали сме Албанци дали сме Турци, Роми, Египќани, Власи, Бошњаци, Срби и нека ми простат останатите ова е наша заедничка земја и да си го поставите сите прашањето овој пат што можам јас да направам за Македонија а не што може Македонија да направи за нас.

Тоа е македонизмот што ние сакаме да го вратиме без разлика на нација, вера да си ја сакаме Македонија и да си ги браниме овие 25.000 квадратни километри. Да бидеме горди Македонци без разлика каде сме сите оние кои што велат дека не може подобро сите оние кои што велат дека е се завршено не треба да очајуваме напротив треба да веруваме дека можеме и треба да се бориме.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.