Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на својот фејсбук профил напиша:

На сите вас кои ве третираат како граѓани од втор ред во својата држава, но и на овие од власта кои се однесуваат како граѓани од прв ред имам да ви порачам една работа и запомнете ја добро…МАКЕДОНИЈА ЗА СИТЕ ЛУЃЕ. Тоа е она ново кредо со кое што продолжуваме. МАКЕДОНИЈА ЗА СИТЕ ЛУЃЕ – тоа е НОВАТА ПОЛИТИЧКА СТРАТЕГИЈА на ВМРО-ДПМНЕ. Светоглед согласно кој ние ќе го дејствуваме. Платформата со којашто ќе допреме до секое срце на секој еден наш граѓанин. Силата која што ќе ги обедини сите искрени и чесни граѓани кои си ја сакаат Македонија и кои сакаат својата иднина да ја градат токму овде.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.