Денес бев во Драчево, Општина Кисела Вода. Македонија мора да ја направиме пристојно место за живеење, а ќе ја направиме кога ќе го стопираме иселувањето и ќе создадеме услови тие кои сега се надвор да се вратат назад за да градат иднина тука – напиша на својот Фејсбук профил, лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Понатаму тој вели:

Ќе успееме кога ќе го намалиме задолжувањето. Тоа што сега го задолжува оваа арамиска влада ја уништува иднината на идните генерации. Овие две работи, задолжувањето и иселувањето ја разградува и ни ја одзема државата, ја уништува на рати. Ќе речеме дека сме успеале кога ќе донесеме квалитетно образование, Македонски Универзитет во првите илјада на Шангајската листа. Ќе успееме кога ќе го подобриме здравството, кога ќе ги направиме среќни. Наместо власта да ги притиска и стега, наместо денес да ги стопираат тешко наоружани полициски сили за да не падне некој домат на зградата на Владата, да го направиме среќна професија, да го обезбедиме нивното производство. Наместо клекнато земјоделие, да имаме напредно земјоделие. Ќе успееме кога помеѓу крајната антиквизација, и агресивната севернизација која ја прави оваа власт ќе одиме по патот на Македонизмот, како идеја, како план кој треба сите да нѐ обединува. За да успееме, за да го избереме Македонизмот, треба да се порази овој трул систем преполн со криминал, неправди и страдање. Така ќе дојде и обновата, обновата која Македонија ќе ја направи силна и достоинствена – пишува Мицкоски на Фејсбук.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.