По посетата на неколку земји од централна Европа, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски порача дека Македонија има пријатели, кои даваат поддршка за наш напор за напредок, стабилност и обезбедување на иднината, но дека за такво нешто прво треба самите да се избориме за нашата иднина.

Македонија има пријатели. Она што за четири дена го слушнав од тројцата пријатели и премиери Виктор Орбан, Јанез Јанша и Андреј Пленковиќ значи поддршка за секој наш напор за напредок, стабилност и обезбедување на иднината. Благодарам за пријателството.

 

Прво треба да обезбедиме промени, да се избориме за подобро, да победиме затоа што наша е иднината. А, потоа со големи чекори напред да се придружиме кон семејството на пријателите – порача Мицкоски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.