Македонија е уморна од состаноци на политичари во вратоврски на коишто не се носат никакви одлуки туку само се парадира, вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

На Македонија ѝ треба средба на која ќе седнат сите општествени авторитети, академици, професори, претставници на универзитети, новинари, писатели, младински лидери, на која ќе се разговара за платформа, платформа што ќе ги обедини сите, а целта ќе биде една и заедничка, тоа е – МАКЕДОНИЈА.

Македонија во која има промени, пристоен живот и иднина. Тоа е и концептот за нов општествен договор кој почива на принципите на мојата визија за заедничкиот патриотизам.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.