Мицкоски оценува дека нашата држава денес е најкорумпирана во Европа. Според него, државата ја водат политичари криминалци во Владата и, како што нагласи, тоа е наш колективен срам. Зборувајќи за важноста од овие избори, Мицкоски додаде дека шансата за да се промени тој срам е 17-ти октомври, а вината ја посочи во актуелната власт.

– Во една работа признавам дека се најдобри, најдобри се во крадење и лажење, тука им нема рамен, ама проблемот е што додека тие крадат и лажат тоне Македонија, тонеме и ние со нив. Македонија денес за жал е најкорумпираната држава во Европа. Држава којашто ја водат политичари криминалци во Владата, тоа е наш колективен срам, рече Мицкоски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.