Во интервју за „Фактор“, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски говори за економските мерки, задолжувањето на државата, солидарноста…

Вас ве прозиваа во јавноста во однос на вашиот став, кога зборуваме за солидарноста во оваа ситуација, за парите со коишто се финансираат партиите.

Не е чесно, лицемерно е човекот во чиешто семејство возниот парк е неколку милиони евра, каде што има Мајбах, Бентли, да зборува за солидарност. Нема легитимитет тој човек тоа да го збори, да не ги споменувам сите афери поврзани со неговото име. Не е тоа солидарност, друго е солидарност, не можат тие да зборуваат за солидарност. Ја уништуваат смислата на зборот солидарност. Јас во своето обраќање реков дека доаѓаат тешки времиња да, треба да се намали платата на јавната администрација, да има кратење, за месец март според нашите анализи треба тоа да биде до 10 отсто, а потоа ќе носиме месец за месец одлуки врз основа на информациите со коишто ќе располагаме. Но, тоа не може да биде „урамниловка“, тоа ни во најболшевичките држави не е така. Да, се сложувам дека треба да има определена редукција, но ајде да видиме како да го направиме тоа да биде како што треба.

Но, прва точка на владина седница нека биде именуваните функционери да работат про боно до крајот на нивниот мандат, втора точка веднаш да биде укинување на финансирањето за политичките партии. Еве и ние имаме функционери, сложни се и тие да работат про боно, вели Мицкоски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.