Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во интервјуто за „Курир“ говори за неодамнешната средба со премиерот на Бугарија и за лажните вести кои произлегле по средбата. Мицкоски вели дека знае од каде доаѓаат овие вести, а тоа е од Владината зграда на Илинденска, а исто така го знае и мотивот,

Лажат зошто паѓаат од власт. Шират лажни вести за да помалку се збори за вистината, за да се стиши темата со Катица и нејзиното ослободување од затвор, за криминалците и убијците кои ги пуштаат на слобода, за да се стиши и онаа тивка но нептоценувачка кавга во СДСМ за коалицијата со ДУИ, каде кумашинот Зекири збори едно, а кумот Заев друго. За да не се збори за онаа ефтина престава за фингираната кавга помеѓу обвинителството и Апелација. Тоа е целата вистина.  И луѓето од власта се во паника, им стигаат анкетите каде губат, а разликата се зголемува, знаат дека ги минуваат последните месеци на власт и затоа мора да лажат, а не гледаат дека во жив песок тонат-објаснува Мицкоски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.