Барањата на Бугарија се неприфатливи бидејќи се толку максималистички што се навистина надвор од здрава логика и надвор од сите европски вредности, изјави вечерва лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Според него е невозможно потенцијалното решавање на спорот додека трае ова ротирачко француско претседателство со ЕУ.

Овој последен предлог е апсолутно асиметричен и е 100-0 во корист на нашиот источен сосед. Иако да бидеме реални, тој предлог немаше да биде на масата ако некој претходно тој предлог не го прифатил, рече Мицкоски.

Според лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Ковачевски го одбил францускиот предлог поради тоа што десетици илјади граѓани излегоа пред Владата и порачаа дека не го прифаќаат предлогот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.