Кој во СДСМ го мести вака СДСМ, прашува лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски за спотот на СДСМ, СДСМ има спот во кој се вели „пазете да не се врати ВМРО-ДПМНЕ пред 25 години!!!“.

Да бидам прецизен, пред 25 години СДСМ беше на власт, тоа е времето на Радмила Шекеринска, залетот на кланот Заеви во Струмица, првиот криминален занает на многумина кои сега се во врвот на партијата. Пред 25 години СДСМ беше на власт и цветаше корупцијата, Радмила беше главна во младината на партијата, шверцот на цигари, првите рекетирања кои денес се усовршени, атентатот на Глигоров, протести, загубари, фабрики кои се затвораат, инфлација, сиромаштија. Тоа е времето на пропаста на Славија, Центро, Железара, на грабежот и пропаста на ТАТ. Семејството Заеви од просечно земјоделско семејство го започна картелот кој денес вреди милиони. Тоа беше нивното време пред 25 години, вели Мицкоски.

Додаде дека и сега не е поинаку.

Истите криминални ликови се провлекуваат и денес. И затоа на овие избори мора да се поразат последните остатоци на транзицијата во македонската политика. 12 април е денот кога ова може да се порази, порача тој.

Кој во СДСМ го мести вака СДСМ?СДСМ има спот во кој се вели "пазете да не се врати ВМРО-ДПМНЕ пред 25 години!!!" Да…

Gepostet von Hristijan Mickoski am Mittwoch, 22. Januar 2020

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.