Кој повеќе лаже? Премиерот или Претседателот?

Факт е дека Македонија, освен неколкуте илјади донирани, уште не виде ниту една вакцина од било кој произведувач.

Оставка на најнеспособната Влада!, пишува во својата Фејсбук објава лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Реакцијата на Мицкоски е одговор на забуната што ја внесе вчерашната изјава на претседателот Пендаровски, која е целосно контрадикторна на досегашните изјави на премиерот Заев.
Пендаровски вчера рече дека деловна практика на Фајзер е да не преговара со држави со помалку од 2 милиони жители, додека ЗАев до вчера не убедуваше дека Филипче набавил 80.000 вакцини вакцини од Фајзер и тие само што не стигнале.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.