Шекеринска е еден од последните остатоци на транзицијата и кога таков човек ве критикува на таков циничен начин, тогаш мора да сте на вистинскиот пат, одговори претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на новинарското прашање дали навистина се израдувал на недобивањето датум за преговори како што овини денеска министерката за одбрана Радмила Шекеринска.

Тој рече дека ваквите изјави на Шекеринска и на оној кој стои зад неа, односно премиерот Зоран Заев, се само дополнителен мотив да продолжи да ги води своите политики по патот што го избрал, односно по вистинскиот пат.

Како ВМРО-ДПМНЕ и јас како човек ги отфрламе овие нејзини груби цинизми и метафори. И не само нејзини, претпоставувам тоа е заедничка констатација и на оној на којшто таа му е заменик, Зоран Заев. Тоа дополнително ме мотивира да бидам политичар кој ќе гарантира модерна европска иднина за нашите граѓани, рече Мицкоски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.