Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска во дневникот на Алфа телевизија истакна дека ВМРО-ДПМНЕ е државотворна партија која се бори за интересите на државата и интересите на граѓаните. За разлика од СДСМ која во минатото само знаеше да кодоши и да работи спротивно на интересите на Република Македонија.

Да истакнам еден факт. Во изминатите 30 години не сум бил сведок опозициска партија во Македонија вака да се бори за државата и интересите, кои што нормално треба да ги штити како државните така и националните интереси како тоа ги прави ВМРО-ДПМНЕ. Можеби не скромно, но морам да кажам дека ваков случај во изминатите 30 години немало. Напротив, имало опозициска партија во минатото на едно пониско и попримитивно ниво се обидуваше да ја кодоши сопствената држава и да ги загрозува интересите на сопствената држава за пара и за пуста власт – посочи Мицкоски.

Но, тоа што денес го прави ВМРО-ДПМНЕ, продолжи тој, е сосема спротивно на тоа што беше случај во минатото.

ВМРО ДПМНЕ го покажува својот државотворен капацитет и карактер, и на прво место ги става интересите на државата и интересите на граѓаните кои што живеат во Македонија – рече Мицкоски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.