Кога Зоран Заев сака да направи дефокус од катастрофата која и ја приредува на државата ги вклучува партиските механизми на полицијата и правосудството и први дежурни кривци му се Димитар Димовски и Миле Јанакиески, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање по средбата со претставниците на Стопанска комора на Северо-западна Македонија

Секогаш кога на Зоран Заев ќе му е потребно да направи дефокус од катастрофата со пандемијата, катастрофата со економијата, корупцијата, криминалот, хибридниот режим, тогаш ги вклучува механизмите коишто поседува, полицијата, обвинителството судството и веднаш потоа прв дежурен виновник е Миле Јанакиески, а потоа Димитар Димовски бидејќи е дел од ВМРО-ДПМНЕ, изјави Мицкоски.

Тој истакна дека сите вклучени во таквиот процес треба да се свесни дека еден ден ќе мора да понесат одговорност за своите постапки, а тој ден доаѓа наскоро.

И такво едно обвинение слушам дека деновиве ќе биде објавено и навистина не можам да ги разберам зошто сето ова го прават, но треба сите тие кои се соучесници во сето ова да бидат свесни дека еден ден ќе има одговорност, а тој ден е се поблиску кога ќе одговараат за злоупотреба на службена положба и овластување, потенцираше Мицкоски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.