Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на новинарско прашање од Саше Ивановски во врска со новите снимки пуштени во јавноста каде се слуша гласот на еден од сведоците во случајот Рекет го праша Ивановски дали е сигурен дека сака да ја слушне целата снимка?

Дали сте сигурни дека сакате да ја слушнете целата снимка? Ќе треба да се извинувате за многу работи што сте ги напишале. Ќе треба да се извинувате ако слушнете се што има во тие снимки. Многу лошо ќе биде, во тие снимки има многу работи и тогаш е лошо, вели Мицкоски.

Тој додава дека треба да се остави правдата и органите на прогон како и обвинителството да си ја завршат својата работа.

Оставете ги тие што е можно потивко да си ја завршат работата и да не биде тоа лошо ниту за слушање ниту за гледање. Тие што се огрешиле да си одговараат пред законите. Тука нема ниту заштитени, ниту привилегирани, напротив сега гледаме една политичка каста која што ја води Македонија. Секој оној кој што ќе направи грешка и кога ќе станам премиер ќе сноси одговорност, како и да се вика, завршува Мицкоски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.