Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, проф. д-р Христијан Мицкоски заедно со потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски, членот на ИК и секретар за меѓународна соработка Влатко Ѓорчев и меѓународниот секретар Тимчо Муцунски и претседателката на комисијата за надворешни работи Христина Рунчева-Тасев ќе присуствува на дводневниот самит на Европската Народна Партија (ЕПП) кој денес (20.11.2019) и утре (21.11.2019) се одржува во Загреб, Република Хрватска.

Мицкоски во рамки на самитот ќе оствари повеќе билатерални средби со европски лидери чии партии се дел од Европската Народна Партија во рамки на самитот во Загреб.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски ќе оствари средба и со Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск кој е единствениот кандидат за лидер на Европската Народна Партија.

Исто така Мицкоски ќе има свое обраќање пред европските лидери за време на самитот на ЕПП.

На самитот присуствуваат поголем број на европски лидери како актуелниот претседател на ЕПП Жозеф Дол, Претседателот на Европската Комисија во заминување, Жан-Клод Јункер, идната претседателка на Европската Комисија Урсула фон дер Лајен, германската канцеларка Ангела Меркел, австрискиот канцелар Себастијан Курц.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.