Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ на својот фејсбук профил сподели фтографии и импресии од вечерашната прослава на 31 роденден на партијата кој се одржа во Античкиот театар во Охрид.

Македонија е многу повеќе од една или две партии, од една генерација или повеќе генерации политичари. Македонија е заедничката покривка околу која сите се обединуваме. Луѓето бараат среќа и поквалитетен живот, луѓето бараат промени, луѓето сакаат да си ја вратат државата. Ќе се избориме обединети, силно и одлучно.

Ова е битката на нашите животи. Да ги развиориме боите на Македонија, да го отсонуваме заедничкиот сон. Како што фудбалерите нашите херои го остварија нашиот сон од младоста, овој пат сонот на нашите животи за успешна и интегрирана земја да го исполниме ние, започнувајќи од сега и од овде. Македонија за сите луѓе!

Честит роденден ВМРО-ДПМНЕ!

Нека е жива и вековита Македонија!

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.