Власта е исплашена, знае дека губи и дека ќе изгуби катастрофално и тоа ќе се случи на 12 април 2020. Затоа шверцерски, на мала врата се обидуваат да протуркаат некакво одложување на изборите со изговор идното, можното не ратификување во рамките на шпанскиот парламент и би било некаква пречка. И во име на тоа ќе предложам до пратениците во текот на следната недела да до Собранието достават иницијатива за ратификување на протоколот со одложено дејство, по принципот на тоа што го направи една друга членка на НАТО алијансата, а тоа е Црна Гора што го ратификуваше протоколот пред тој да биде ратификуван во САД, рече денеска на прес-конфернецијата лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски, одговарајќи на прашањето дали ВМРО-ДПМНЕ би прифатило одложување на парламентарните избори и дали гласањето на протоколот за НАТО во Шпанија може да значи одложување на избори.

Ајде да видиме дали пратеничката група на СДСМ, дали Зоран Заев се плашат од катастрофата што ќе им се случи на 12-ти април и свесни се дека ништо не направија овие три години. Или пак навистина сакаат да Македонија да биде членка во НАТО алијансата и еден ден да бидеме дел од ЕУ. Следната недела пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе иницијатива во рамките на Собранието за предвремено ратификување на Протоколот и со тоа предвремено ратификување на Протоколот ќе имаме одложено дејство кое што ќе биде полноправно и оној момент кога сите останати 29 членки ќе ја завршат таа процедура по принципот на тоа што го направи Црна Гора во минатото. Односно го ратификуваше протоколот пред и официјално Американскиот Конгрес и Сенат да ја завршат процедурата, рече Мицкоски.

Мицкоски беше прашан за коментар за денешните најави на премиерот во заминување Зоран Заев за прочистување во правосудството.

Продолжува копи-пејист политиката на СДСМ. Тоа што денеска Зоран Заев лицемерно го говори, практично ние го говоревме уште во месец јуни кога баравме потекло на имотот на политичарите на судиите на обвинителите. Со тоа денешно обраќање практично признава дека капитулирала правната држава, но не само тој, исто тоа го кажа и министерката Дескоска кога рече дека практично бил урнисан целиот правен систем, бил урнисан Уставот кога се случуваа оние насилни процеси во парламентот кога се правеше трговија со правото и законите во државата за да се реализираат политички цели.  Тоа денеска го потврдува и Зоран Заев дека они практично не направиле ништо освен што успеаја конкретно он самиот да се спаси од делото поткуп каде што македонската јавност гледаше како човекот практично бара поткуп за себе за сопственото семејство и ја злоупотреби се разбира тука и црквата за да практично испорача услуга кон граѓанин која што му е должност како градоначалник на таа општина. Единственото нешто што го направи е што во случајот се преквалификува обвинението за него и по некое си ново обвинение зад затворени врати без јавноста и транспарентноста на која што денеска се повикува во ова негово обраќање се емитуваше целосната снимка за случајот „Поткуп“.

Истовремено се сеќавате на оние негови црвени линии за Катица Јанева. Луѓето едвај крај со крај врзуваат во месецот, а таму летале хонорари од илјадници би рекол и десетици илјади евра и 100-тици илјади евра. Безмилосно трошење на парите на граѓаните, едно дувло кое што требаше колевка на правото и правдината, прерасна во дувло на криминалот. Се поткупувале обвинители, се поткупувале директно или индиректно судии, адвокати, новинари, рече Мицкоски.

На прашањето како може во исто време ВМРО ДПМНЕ да е за правда, а во исто време и да се залага тие процеси да пропаднат, Мицкоски рече:

Заев е подготвен, секого да го пушти низ вода и да го претвори во таа слика, само за себе да се спаси. Секого. Запамте те ја таа слика и внимателно гледајте.  Понатаму, велевме: Не можеме да поддржиме со закон трансфер на јавните обвинители кои што се дел од Специјалното јавно обвинителство, во новото Јавно обвинителство. Си има закон, каде што Советот на обвинители треба да го одреди составот на обвинители кои што ќе бидат таму. Имаме индиции дека ќе има сериозна злоупотреба со хонорари, безправно исплаќани, без основа и така натаму. Не, тоа е нашата црвена линија. За да денеска, преку аферата “Кеш“, македонсктата јавност е сведок дека сме биле во право.

Е сега, повторно ќе се навратам на она што го зборевте, би биле навистина само фанови на неправдата, и би биле лицемерни ако го поддржиме, а знаеме или имаме индиции дека има тука определени злоупотреби. Тука беше црвената линија. Сето останато, горе доле ние се усогласивме. Персоналните решенија не беа. И јас тоа го зборував и на прес конференција. Ајде луѓе за процеси да зборуваме. Ајде да зборуваме за тоа што вие го зборувате. За правда, безкомпромисна битка со корупцијата, без разлика Христијан, Зоран Заев. Еве, тргнете од мене, имав случај пред анти корупциска, седум месеци, два дена пред претседателските избори го отворија по допрен глас, откако имаше прес конференција портпаролот на СДСМ. После седум месеци, анти корупциска ме сослуша, ги слушна фактите и аргументите, ги провери претпоставувам, сите документи и докази и констатираше дека, немало ниту корупција, ниту пак имало било каква злоупотреба на службена должност. Јас, во меѓувреме, го оттуѓив тој дел, седум проценти сопственост во таа компанија, која што има концесија за тие три мали хидровентрали. И никому ништо. И никому ништо, и титу извинување, ниту некаква одговорност. Никому ништо. Но, во ред. Јас се навикнав да живеам со тие слабости на луѓето, и ќе продолжам да живеам и понатаму. Претпоставувам во отсуство на факти и аргументи, ќе измислуваат. Еве сега, повторно имаме докази. Луѓево, биле во аферата “Кеш“ заглавени до гуша со криминал. Јасен е законот колкави додатоци можат тие да имаат. Јасен е и законот за Специјалното јавно обвинителство. На што личо ова? Не личи на ништо. Е не може вие да преговарате едно а “позади завесата“ да правите друго. Не е коректно, потенцираше Мицкоски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.