Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ истакна дека  во овие моменти е да се покаже хуманост и да се дејствува, секој во рамки на своите можности и средства со кои располага и додаде оти сега не е време за политиканство.

Според него, не е важно кој побарал помош, туку важна е помошта. Најави дека ќе продолжи да лобира, остварува контакти и во рамки на можностите да бара помош за земјата. Изрази благодарност до сите оние лица кои на дневна основа се борат за нашето здравје.

– Многу брзо како партија, преку нашиот технички министер ќе поднесеме уредба до Владата за парична награда за оние кои се вклучени во заштита на здравјето и борбата протоив коронавирусот. Потребна е поддршка и заедничка грижа за хероите, соопшти претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, изразувајќи надеж дека Владата ќе ја поддржи нивната иницијатива-истакна Мицкоски.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.