Ако сакаме вистински нешто да направиме во државава, треба да ја намалиме корупцијата, дециден е претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, кој синоќа беше гостин во „Јади бурек“

Јас ќе бидам пример прв еталон, нека ја проверат мојата имотна состојба со што располагам јас, со што располага моето семејство, моите месечни примања и потеклото на мојот имот, да докажам дали тоа е стекнато со труд и со работа, рече Мицкоски.

Мицкоски се залага да се донесе закон за потекло на имотот на политичарите, па да се види како се стекнува енормно богатство. Како од просечни службеници во државната администрација и од политичари некои луѓе станале бизнисмени.

Јас прв се пријавувам, но да видиме какви биле приходите на семејството Заеви, а какви се сега, да ги видиме и приходите и некои други семејства кави биле во 2006, 2008, 2000 година, а какви се сега, да ги видиме сите какво им е богатството и да провериме се, вели Мицкоски.

Тој исто така истакна дека треба да се направат сериозни темелни реформи за независност на судството, правосудството и обвинителството, како и тоа дека прво треба да се почне со расчистување на корупцијата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.