За време на промоцијата на политиките „Македонија за сите луѓе“ во Прилеп, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, им порача на прилепчани дека е дојден со нив да разговара за иднината, односно за тоа како треба Прилеп да изгледа во иднината, а не како што е денес, град којшто е целосно застанат во времето.

Мицкоски истакна дека Прилеп функционира како град во којшто царува криминалот, царува корупцијата.

Град којшто е засрамен од началникот на одделот за внатрешни работи којшто беше уапсен поради основано сомнение дека врши нелегална трговија со наркотични средства и уште многу други работи кои што за жал изминативе четири години го ставија Прилеп на дното на приоритетите на оваа влада.

 

Сето она кое што беше претходно почнато, за жал, денес е со коров и со трева обраснато, тоа што е изградено пропаѓа поради неспособноста на централната власт, но стои така и поради неспособноста на локалната власт.

 

Од спортски клубови коишто се бореа за врвот на табелата во првата лига, денес имаме спортски клубови коишто се борат, особено тука акцентот го ставаме на фудбалскиот клуб, да опстанат во фудбалската лига.

 

Станува збор навистина за порази и порази изминатите четири години. Сакаме ние да понудиме иднина и она коешто навистина повторно ќе го врати приоритетот на Прилеп, град којшто е најразвиен и најперспрективен град во Македонија – истакна Мицкоски.

Тој порача дека во Прилеп ќе има можност да го промовираат проектот што почна од Прилеп, а тоа е проектот за изградба на ново автопатско решение Скопје-Велес па преку Бабуна кон Прилеп, Битола и Меџитлија.

Исто така ќе зборуваме за концептот на целосно дигитализирана општина.

 

Тука до мене е и идниот градоначалник на Прилеп, доктор Борче, којшто е овде човек за којшто веќе сите гласно зборуваат дека е идниот градски татко и идните четири години, а зошто да не и понатаму, ќе го препороди навистина Прилеп и ќе го крене од ова мочуриште во коешто денес се наоѓа – порача Мицкоски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.