Кога ќе излезе Христијан Мицкоски на избори, тоа ќе бидат претпоставувам предвремени парламентарни, после поразот на власта на овие претседателски избори, ќе видиме дали неопределените ќе му ја дадат својата доверба на Мицкоски или на Зоран Заев, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Тој рече дека ВМРО-ДПМНЕ на овие избори, заедно со Гордана Сиљановска Давкова и Коалицијата за подобра Македонија освоиле 42,5 % од вкупниот број на гласачи кој што излегле да гласаат и тоа е многу повеќе од изборите во 2004 кога имало околу 34% и од изборите во 1999-тата кога имало 21,1%.

-Следните, претпоставувам, предвремени парламентарни избори ќе излеземе со понуда и ќе видиме дали граѓаните таа ќе ја препознаат. Јас сум убеден дека граѓаните ќе ја препознаат таа понуда и дека ВМРО-ДПМНЕ ќе ја формира новата Влада, затоа што граѓаните се чувствуваат излажани, изманипулирани од политичар како Зоран Заев и луѓето кои што се околу Зоран Заев, како Стево Пендаровски и останатите, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.