На вчерашниот тв дуел на МТВ1 меѓу лидерите на двете најголеми политички партии, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, се осврна на криминалот, корупцијата и рекетот кои СДСМ ги донесе во Република Македонија, наместо правда како што ветуваше во предизборните кампањи.

Иако СДСМ ја заснова својата кампања во 2016 година на паролата „Нема правда, нема мир”, сепак после речиси четири години сведоци сме на тоа дека не само што не е донесена правда во државата, туку напротив, државата е полна со криминал и корупција. СДСМ на неколку пати ветуваше промена на судии и обвинители, со цел расчистување на инкриминираните судии и обвинители, но тоа не се случи. Дали тие луѓе се главните играчи на СДСМ? ВМРО-ДПМНЕ ветува и се обврзува на прочешлување на Сваровски и Луј Витон судството, но и на тоа каде завршиле парите од куферчето. Судството кое со години наназад било корумпирано, редно е да се стави во функција онакво какво што му е потребно на народот, вели Мицкоски.

Понатаму додава:

Република Македонија е една од најкорупираните држави во Европа, а тоа е резултат на СДСМ и Зоран Заев кои наместо да донесат право и правдина во државата, донесоа трас трас одлуки во Луј Витон судството. За сите нарачани одлуки, ќе следува одговорност.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.