Сакам да порачам дека во полн израз доаѓа завидлизмот на Заев. Откако виде дека и последната негова теза, неговиот меур како сапуница се распрсна дека ВМРО-ДПМНЕ практично имала неуспешен конгрес во рамките на ЕПП во Загреб. Поддршката е огромна, средби со голем број претставници, со голем број претседатели на наши сестрински партии. Ја реафирмираа недвосмислената поддршка кон ВМРО-ДПМНЕ и на следните предвремени парламентарни избори голем дел од нив ќе присуствуваат во насока на поддршка на политиките на ВМРО-ДПМНЕ и поддршка на патот на Македонија кон Европската унија, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски од Лајпциг, каде што ја предводи делегацијата на ВМРО-ДПМНЕ, која учествува на Конгресот на ЦДУ.

Во обид да ги скријат катастрофалните скандали каде што кумашинот на Зоран Заев практично брутално го нападна коалициониот партнер ДУИ, скандалозното ослободување на притвореничката Катица Јанева, скапо  платената пи-ар машинерија на СДСМ буквално од контекст се обиде да ја изврти вистината и да ги манипулира македонските граѓани. Но како што во минатото сме кажале, вистината порано или подоцна излегува на виделина. ВМРО-ДПМНЕ победува на следните предвремени парламентарни избори, а Зоран Заев и останатата врхушка на СДСМ исплашена, во паника во страв е свесна за поразот, но истовремено е свесна и за одговорноста на погрешните политики коишто речиси три години ги води во Македонија, подвлече Мицкоски од Германија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.