Во денешното обраќање на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски тој се осврна на  криминалите и замолчената правда.

За криминалот да не збориме. Правдата е замолчена, а криминалниот октопод царува. Новинари се викаат на сослушување, а криминалците кои тие пишуваат се уште се на државна плата, или на чело на скапите тендери платени со државни пари. И не е проблем ниту првото, ниту второ осомничениот во случајот Рекет. Сите знаат, сите знаат во оваа земја дека ниту прво ниту второ осомничениот немаше да има никаква сила доколку неговиот грб не беа функционерите од врхушката на СДСМ, во јавноста познати како Кики, Фрики, предводени од сценаристот, режисерот и предводникот Зоки Поки.

Знам , добро знам дека имаше и луѓе кои поверуваа дека Зоран Заев и сега компромитираното СЈО ќе донесоа некаква правда, но драги пријатели гледате дека ве разочараа. Сите нас не разочараа. Ова СЈО веќе не е алатка за носење на правда, туку алатка во рацете на Зоран Заев и власта за правење на неправда. Не може да се очекува правда, од нешто што не само што ја навредува нашата интелегенција туку служи и за потмсев. Па еден ден ќе слушнете како Катица го загубила телефонот, вториот ден дека тој бил кај снаата, а третиот ден таа форензички го исчистила. Се ќе направат да ја спасат од обвинение, не затоа што Заев е многу хуман а Катица невина, туку затоа што Катица премногу знае, а Заев се плаши да не проговори за сето она што го правеа со СЈО-како местеа случаи, како креираа случаи за да уценуваат бизнисмени за рекет, како креираа случаи за да можат да влијаат врз однесувањето на политичарите, како прогонуваа и заштитуваа криминал, тоа е алатката со која Зоран Заев дојде и сака да се одржи на власт. Но, сега за сето ова знае и опозицијата и дел по дел ќе знае и народот во Република Македонија.

А ако процени дека и Јанева станува штетна за премиерот бидете сигурни дека Рускоска обвинителството ќе стапи на сцена и некое утро ќе бидеме сведоци како се откажал и од Јанева, исто како што ќе се откаже и од сите други криминални ликови само да го заштити својот криминал и криминалот на своето семејство. И бидете сигури дека тоа лажно ќе сака да го прикаже како некаква борба за правда,во период кога знаат дека правдата со Заев не е можна, истакна Мицкоски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.