Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ во интервју во Централниот дневник на ТВ Сител, во одно на дополнителните 12 барања од Бугарија, истакна дека тој уште во октомври јавно кажал дека има дополнителни барања и дека тие барања се формулирани како нон пејпер, патоказ или анекс и тогаш бил прогласен дека шири лажни вести.

Мицкоски изјави дека е подготвен да го прими гневот што го истураат Заев, Османи, Димитров кон него, само да се зачува македонскиот јазик и идентитет. Мицкоски укажаа дека и потпретседателот на Владата и министерката за надворешни работи на Бугарија изјавиле дека има 12 дополнителни барања од страна на Бугарија, но дека Заев и власта ги кријат од македонската јавност.

Нека го истурат сиот гнев и Заев, и Османи, и Димитров кон мене, јас сум подготвен да го прифатам само да го зачуваме јазикот и идентитетот. Еве јас сум тој кој што е виновен за се во оваа држава, не е проблем ќе го прифатам сето тоа, само жалам тоа што го зборувам е вистина. Тоа го кажа и потпретседателот на владата во соседна Бугарија, тоа го кажа и министерката за надворешни работи во соседна Бугарија дека има дополнителни 12 барања и сега што правиме? Зошто македонската јавност тие барања не ги виде, не заслужуваме? Зошто во јули не излегоа на избори да речат ние сме подготвени да потпишеме дополнителен нон пејпер, или анекс на договор со Бугарија кој што ќе опфати тоа и тоа – истакна Мицкоски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.