Канали за комуникација со партиите за изборниот датум постојат, потврди во средата лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, без да открие повеќе детали, ниту да прецизира дали би се согласиле, како што претходно предложија од ДУИ на 5-ти јули да се одржат предвремените парламентарни избори.

Нашите позиции за предвремените парламентарни избори ги знае македонската јавност. Компромис треба да се постигне, но не по цена на здравјето на граѓаните. Канал на комуникација постои и не би изнесувал дополнителни коментари. Не сме сите исти и не се занимаваме со таков тип на брифинзи. Доколку има договор ќе го соопштиме на јавноста – изјави Мицкоски на прес конференција.

На прашањето дали треба да има лидерска средба кај шефот на државата, Мицкоски рече дека нивниот принцип е јасен дека датумот за изборите треба да биде донесен со консензус на сите кои седлеле на маса кај Пендаровски, без разлика што некои кои седеле на таа маса сега се во коалиција.

Посочи и дека партиите треба да бидат консултирани и за вонредната состојба, истовремено потсети дека при прогласувањето на втората вонредна состојба неговата партија не била консултирана.

За втората состојба имавме спротивен став оти ако сме ја победиле пандемијата не требаше дасе донес втората вонредна состојба. Таа беше прогласена за Заев да изврши поткуп на граѓаните пред избори. Но тоа нема да им успее“, рече Мицкоски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.