Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска излезе со став за  одговараше на новинарски прашања за Законот за ЈО и за преговорите кои се водат со СДСМ. За Мицкоски е симптоматично што Јавниот обвинител Љубомир Јовески најпрво негативно се изјаснил за предлог законот за потоа одеднаш да го смени ставот.

– Тоа е проблемот кај оваа власт и со овие луѓе што никогаш не ги интересира супстанцата туку се се сведува на бројка. И тоа е практично навреда и за општеството и за граѓаните, но и за политичарите кои што ќе одлучат да го поддржуваат овој пристап нумерички, емпириски за вакви суштествени прашања. Инаку што му претходеше на она фијаско од вчера, претходеше наш предлог да се одржи состанок на тие работни групи за да може да се дискутира околу ново стариот предлог на текстот по законот за јавното обвинителство. Од нивна страна дојде предлог дека е добро да бидат вклучени и координаторите на другите пратенички групи. Ние тогаш рековме во ред, прифаќаме. Но прифаќаме и исто така да биде вклучен и експертската јавност и претставници од меѓународната заедница, за да биде комплетно сето ова. Да направиме една јавна дебата и да го поканиме јавниот обвинител. Ако веќе така сакаме, да го прошириме форматот на луѓе кои што ќе дебатираат по суштината на ново-стариот предлог за Законот за Јавно обвинителство. Нормално тоа од нивна страна не беше прифатено, и во текот на денот не информираа дека ги поканиле координаторите на другите пратенички групи во рамките на Парламентот. За да не биде дека ВМРО-ДПМНЕ нема да учествува, еве да излегуваат со разно разни критички изјави ние одлучивме да бидеме дел од тој состанок и да си ги кажеме нашите ставови. Меѓу кои и беше и честитката до министерката т.е. пардон новата претставничка во Венецијанската Комисија за правда, а тоа е госпоѓата Рената Дескоска. Потоа нашите позиции поврзани со текстот за Законот за Јавно обвинителство и отприлика тука се сведе дебатата и замоливме да биде повикан барен Јавниот обвинител да присуствува на тој состанок, затоа што кога станува збор за Јавно обвинителство, состанок на експертско ниво добро е да имаме и Јавен обвинител, односно државниот Јавен обвинител кој што ќе присуствува и ќе даде свој коментар имајќи предвид дека на 27-ми декември прилично е критизерски и негативно даде изјава поврзана со Законот за Јавно обвинителство. Се обидов да бидам колку што е можно попрецизен околу тоа што се случуваше, но и што му претходеше на она што вчера се случуваше на неуспешната средба поврзана со старо-новиот предлог на текстот за Законот за Јавно обвинителство, вели Мицкоски.

 

Додава дека Јовевски кажал дека законот е добар зошто работел под наредби на власта.

 

– Епа видете нормално дека ќе каже Јовевски дека е добар сега законот, претпоставува бидејќи од 27 до денеска имаше време Медарски да му даде и други инструкции како што тоа го правеше во минатото, се сеќавате. Тогаш му даде инструкции на кафе пиење и оп предметите од СЈО појдоа кај него. Претпоставувам дека исти такви инструкции сега му дадоа и ете го Јовевски излезе со изјава затоа што овој закон ваков каков што е вели дека е практично невозможно он да биде променет сем ако самиот не сака, едно од забелешките на ВМРО-ДПМНЕ. Така е сега  законот како што е направен. Така што исто како што првиот пат Медарски му даде инструкција сега ти ќе ги прифатиш, писмо ќе пише Катица, така и сега, сега ќе излезеш и ќе кажеш дека е добар законот. Еве од прилика тоа е одговорот на вашето прашање, вели тој.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.