Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вечерва во 360 степени го повтори ставот на неговата партија дека случајите покренати од СЈО до 30 јули 2017 година треба да продолжат да се работат од онаа фаза до којашто се стигнати предметите.

Јас го кажав ова на прес-конференција уште во јули. Луѓето треба да си ја докажат невиноста. Истовремено реков дека овие случаи треба да бидат вратени во ЈО, затоа што во државата уставна категорија е едно обвинителство и вертикална субординација. А веднаш по таа прес-конференција излезе Јовески и рече дека ги немал потенцијалите на СЈО и не знае дали воопшто ќе може да се справи со тие случаи, џабе ќе губиме време. Потоа, на крајно контроверзен незаконски начин притвореничката од затвор издава наредба и нејзините помошници ги доставуваат предметите кај Јовески, а тој, пак, во меѓувреме, издава соопштение во кое признава дека во државава постои едно обвинителство со вертикална субординација и дека тој е тој кој треба да ги преземе случаите. На тој начин индиректно фрла во вода се што работело СЈО, затоа што тоа со неговото писмо кажува дека СЈО е хибридна форма, нешто што работело на диво, потсети Мицкоски.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.