Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ на социјалните мрежи објави статус, секвенца со видео од неговиот последен ТВ настап, во кој објаснува:

„Во 2015 сме биле на 66 место на скалата за корупција на Транспаренси Интернешнл, сега сме на 111 место.

Факт е дека не постои магична формула за борба со корупцијата, но за две години од мандатот на новата влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе има многу подобар резултат од тој што го имаше владата во 2015 година, затоа што јас ниту сум аболиран, ниту како човек имам концесија кон некого.

Кога ќе се формира новата влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе се бориме безмислосно со корупцијата и криминалот во Македонија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.