Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО ДПМНЕ ја прифаќа понудата за дебата со претседателот на Владата Зоран Заев на телевизијата „Канал 5“, објави на фејсбук.

Очигледно на власта и гори под нозе и сметките не и се такви какви што ги прикажува во јавност. Добро е што по две директни прозивки премиерот конечно прифати дебата. Ја прифаќам понудата за дебата со Зоран Заев од Канал 5 телевизија, и за разлика од него без некакви дополнителни услови и барања, објави Мицкоски.

Лидерот на ВМРО ДПМНЕ го повикува Заев дебата да се случи што е можно поскоро и на неа да се разговара за актуелните теми.

Поразот на самоволието на Заевизмот е извесен!, порачува Мицкоски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.