Здравјето пред се, беше реченицата која што ја кажав во моментите кога беше поставено прашањето за важните политички случувања и изборите кои требаше да се случат во април. Јас сум сеуште на овој став, но проблемот е што Владата кон ова се однесуваше како чиста флоскула, а во позадина се одвиваше вистинска канонада на случувања кои говореа дека се глуми изнасилена нормалност, основана на нездрави основи кои овие денови гледаме дека завршуваат со класична капитулација, изјави на прес-конференција Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски кој додаде:

Се што креваа во височините прикажувајќи го како лажен успех видовме дека се враќа како бумеранг соочувајќи не со грдата реалност. А реалноста е дека луѓето се препуштени самите да се грижат за своето здравје и дека системот не само што потклекна, туку е збришан од политички диктати, примеси на суети, дворски игри и желбата да се клекне државата, а сето тоа се прави во обид да се спасат неколку луѓе од одговорност. И така целата држава, сите ние станавме заложници на лудоста во пресметливоста на Зоран Заев за избори и тесен пораз, личните абиции на Спасовски и преголемата желба за пи-ар на пар други министри.“

 

Одма да споменам, навистина за мене е несериозно да се препукуваме преку социјалните медиуми или да си пишуваме статуси и прозиваме преку портали со лидерот на власта Зоран Заев, затоа што имаме многу посложена состојба од тоа оваа тема да ја претвораме во политичко препукување или во детска игра на обвинувања. Се работи за животи на илјадници граѓани. Стотици семејства кои во овие моменти треперат над своите најблиски зафатени од овој смртоносен вирус. Но, мора да ги кажеме работите, реално и онакви какви што се, потенцираше Мицкоски и подвлече:

 

Луѓето со право се прашуваат зошто седеле дома повеќе од 2 месеци кога вака власта дозволи, поради брзи избори да глуми нова нормалност и да ги изложи сите граѓани на нов ризик. Но и во право се оние кои се чудат како е можно вака ноншалантно веднаш да заборави власта на ризиците, мерките и крантнините, само во функција на налог кој ќе го добие од Зоран Заев да глумат дека се е нормално. Патем ние сме единствената земја во светот која веќе го живее новиот бран на Ковид 19 вирусот кој е последица на лошо менаџирање и политички притисок на еден човек. Ќе ве потсетам само на оние надри медицински пресметки на Зоран Заев кога точно ќе почнел вториот бран, како се имал под контрола, и се така како нему му одговаара наспроти реалноста и бројката на новозаразени која постојано одзвонуваше и се зголемуваше. Кога предупредував на сето ова, Зоран Заев ингорираше.“

Мицкоски вели дека секоја негова критика која е иста и издржана завршувала со етикетирање дека ВМРО-ДПМНЕ бегало од избори:

Секоја моја критика која и тогаш и сега е иста и издржана, завршуваше од власта со етикетирање дека ВМРО-ДПМНЕ бегало од избори и дека состојбите биле под контрола, небаре системот не може да биде разнишан, во состојба кога гледаме како целиот буквално пред очи ни се распаѓа. Се потврди секое мое стравување дека недоволно се штити народот од корона и дека се пристапува премногу политички и непрофесионално. Овде не е стравот од избори во прашање, туку стравот за животите на граѓаните со кои Зоран Заев се коцка барајќи го својот спас од одговорност.“

 

Морам да кажам дека многу сум разочаран од Комисијата за заразни болести и нивните проценки. И да точно е, јас, а и целата јавност на почетокот безрезервно дадовме поддршка на нивната работа, затоа што верувавме дека се водат по Хипократова заклетва, ама се покажа дека тие се водат по Заевиот диктат. Повеќето се директори поставени од оваа власт предводени од докторот со политички амбиции Караџоски, и може да се каже дека во најголема мера ги сервисираат потребите и барањата на Бихачка и Заев, наместо потребите на системот кој не покажа отпорност кон оваа деликатна здравствена ситуација, изјави Мицкоски и подвлече:

 

Затоа мора да биде разрешена оваа комисија и да се формира тело од непартиски професионалци кои нема да се водат од политичките туку исклучиво здравствените интереси на граѓаните. Нам ни треба систем со доверба и професионалци во кој народот ќе биде сигурен. Ќе кажам во продолжение збор два и за она салто мортале кое го прави Заев и промена на реториката за 180степени каде од фалење дека најсупешно се справувале со кризата сега велат дека виновен бил народот. А тук таму Наќе, јас за да биде целото бегство од одговорност комплетно и истата се префрли на друг и сето тоа да добие политичка примеса. Би рекол какво само потценување од Заев кон народот и оживување на онаа нивна позната за СДСМ теза препознатлива дека народот греши. Вистината е дека не е виновен народот, туку лошо водениот систем, а Наќе Чулев е професионалец кој спроведува одлуки од Владата и за жал од онаа политизираната комисија за заразни болести. Работата на Чулев не е да му се допадне на Заев, тоа најмалку и на него и на мени ни е потребно туку да брка криминалци и спроведува закони, е тука Зоран Заев има вистински проблем и со мене и со господинот Наќе Чулев.“

 

Тој ги осуди вербалните напади врз Министерството за внатрешни работи:

 

Би посветил внимание да внимаваат и би ги советувал во нападите кон припадниците на Министерството за внатрешни работи пред се затоа што тоа е напад на 10 илјади припадници на МВР кои пожртвувано и храбро беа на улиците кога ограничувањето на движењето на граѓаните беше во сила, одржувајќи ред и мир и ризикувајќи ги своите животи. А само ќе потсетам и на редицата други предизвици за овие луѓе кои 66 дена беа вопрвата линија во борбата против Ковид 19.“

 

На тоа дека Заев мислејќи дека со измама ќе добие албански гласови сакаше да провоцира проблем со полицијата за време на Рамазам Бајран, како и седењето 48 часа дома затоа што било опасно, а кое заврши со отворање на рестораните и укинување на полицискиот час ден потоа, затоа што според власта се се средило, па потоа гостите во истите тие ресторани беа виновни. Политизацијата на литијата во Струга, а да не зборам и за онаа неразбирлива мерка за превоз за пензионерите ризикувајќи ги нивните животи како и редица нелогични одлуки. Да не се релативизираат работите затоа што тие се премногу сериозни, додаде лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Според Мицкоски ова е нечесна игра на Заев со човечки субини, која за жал станува се побрутална.

 

Од власта да престанат да лицитираат датуми за избори затоа што приоритет број еден е здравјето на граѓаните, и заштитата на стандардот и ништо друго, ама баш ништо друго. Мора да се носат одлуки кои нема да бидат под импресија на тесногради интереси, туку како последица на разум и мудрост. И сосема на крај, кога го отворив проблемот дека малку се тестира затоа што излезот е масовно тестирање бев брутално, повторувам брутално нападнат. Кога кажав дека земјава најлошо се справува со Ковид 19 и е на врвот во регионот по смртност излезе ресорниот министер Филипче да каже дека не било точно и дека јас не ја говорам вистината.“

Кога по лидерската кај Пендаровски се извинив на жртвите од Ковид пандемијата затоа што ние збориме за избори кога дваесетина имаме ново заразени на дневна основа, Заев лицемерно се изнасмеа. Но се што кажав се покажа за точно. Затоа нека не ги повторуваат грешките кои ни се повторуваат како фарса. ВМРО-ДПМНЕ е различно и има зошто граѓаните да му веруваат на ВМРО-ДПМНЕ. Остануваме заедно со народот да ги пребродиме овие сериозни моменти. Ќе предлагаме мерки кои се сериозни и издржни. И се ставаме целосно во зашита на здравјето на граѓаните, со сите наши сили, потенцираше Мицкоски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.