Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, испрати сочувство до семејството на вчера починатиот Ѓорѓи Наумов, првиот министер за правда во независна Република Македонија.

Сочувство до семејството на Ѓорѓи Наумов кој беше еден од министрите во првата експертска влада предводена од академик Кљусев и човек кој активно се вгради во создавањето на независна Македонија.

 

Воедно, тој и неговото семејство имаа исклучителна улога и во првите чекори на ВМРО-ДПМНЕ, во почетоците на плурализмот.

 

Да не ги заборавиме оние врз чии темели денес ја градиме нашата заедничка иднина и чии идеали гаиме.

 

Македонија е нашата прва и последна тврдина. Почивај во мир! – порача Мицкоски

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.