Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска пред Собранието изјави дека Maкедонија е името кои го менуваат оние во Собранието и одат спротивно од волјата на анродот јасно изразена на 30 септември.

„Име со копче не се брише, има со хартија не се менува. Тоа е опна што сме, и она што ќе продолжиме да бидеме“, вели Мицкоски.

Според лидерот на ВМРО-ДПМНЕ во моментов се витка кичмата на татковината.

„Тоа им е целта, да ве скршат, и да прифатите сѐ понатаму“, рече Мицкоски.

Тој изјави дека ова ќе биде почетокот на заминувањето на актуелната власт која ги турка уставните промени кои треба да доведат до промена на името на државата. Повика на масовно обединување.

„Нив оваа промена на името и идентитетот, им е билет за останување на власт“, рече Мицкоски.

Според негво власта работи само за себе, не за народот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.