Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска на прес-конференција оцени дека Македонија се соочува со најжестоката здравствена и економска криза и оти власта има целосен системски неуспех во справување со неа.

Мицкоски обвини и дека изминатите три владеење на СДСМ поминале во „проблеми, откажувања, неправди, постојано исчекување за подобро“.

Што направија изминативе три години откако се власт во Македонија. Хаос, назадување, уништена економија. Заев свесно не се сеќава, но Македонија не заборава. Не заборава на неостварените ветувања за живот во земјава, за 500 евра просек плата која наместо да се зголемува се намалува. Ветувањата за 500 километри автопатишта за новите инвестиции кои не ги гледаме се сеќавате за оние фамозни инвестиции на Фејсбук, Гугл, Санос, за чистиот воздух или гасификацијата која ја нема, за петпроцентен раст на БДП и економијата кој не се случи ниту една година откако тие се влада во Македонија, рече Мицкоски.

Според него, не се исполнети и очекувањата за правдата.

Тие против кои се бореше денес му се сојузници. Одговараше ли некој? Нели правда ќе донесеше. Гледаме и слушаме што имало во позадина, бизнис, зделки и на ти го – дај ми го политики. Македонија не заборава и на неправдите со Смилковско, криминалот и корупцијата која е најголема во Европа. Македонија не заборава на „Рекет 1“, „Рекет 2“, на големите афери, на Владата на Спасовски и Заев, на „Луј Витон“ куферчињата, трас-трас обвинителството и киднапираното судство. Македонија не заборава на тоа дека три години по ред станавме хибриден режим, рече Мицкоски.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ ги критикуваше и економските чекори на власта поради се поголемото задолжување.

Државата се задолжуваше пред корона кризата, само тоа сега зема замав. Секое семејство во декември ќе биде задолжено за 1.500 евра. Зборам и за најновите настапи, за тоа дека нема ниту еден бизнисмен кој ќе ги пофали првите два пакета и третиот кој е фиктивен и коруптивен во пресрет на можни избори, оцени Мицкоски.

Посочи дека на земјава и е потребна стратегија и дека ВМРО-ДПМНЕ е различна од СДСМ.

Мора да се однесуваме одговорно спрема граѓаните и да го заштитиме здравјето. Зоран Заев треба да престане со неговите паушални би рекол опасни надриздравствени совети. Треба со огромна резерва да се земаат неговите погледи на работите затоа што пробувајќи да релативизира и опише некоја нова нормализација кажува дека короната слабее во својата сила во истиот ден кога СЗО излезе со анализа во која вели дека нема никакви докази за такво нешто, рече Мицкокски.

Повика да се стави мораториум на дневно политиканските теми и сите да се фокусираат, целото општество и сета напредната сила во надминувањето на актуелната тешка криза.

Оцени и дека несовесно се олабавила состојбата со мерките, а СДСМ започнале изборна кампања на терен.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.