Mojот последен анкетен лист тогаш како директор на „ЕЛЕМ“ не претрпел некои поголеми измени, нагласи денеска лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Тој вели дека има кредит и лизинг и оти единствен приход му е како професор на Машинскиот факултет.

Сопственик сум на индивидуална куќа во Влае каде живеам со сопругата и децата, имам патничко возило кое го користам да се превезувам, не користам службено возило. Го користам сопственото возило.Имам кредит и имам лизинг.Кредидот служи за отплаќање на делот на градежните работи кои ги вршев градејќи ја мојата куќа, а лизингот е за ратите на моето возило.Во партијата волонтирам, немам месечен надомест. Единственото примање кое го имам е примањето е како вонреден професор на Машинскиот факултет-објасни Мицкоски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.