Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во своето гостување во дневникот на МРТВ кажа дека бескрајно им е благодарен на сите лица кои се борат со коронавирусот, мислејки на лекарите, полицајците, армијата…

Најпрвин ја користам приликата да изразам благодарност до сите оние кои се на првата линија на бранкот во борба против пандемијата, од мое име и од името на ВМРО-ДПМНЕ им благодарам, кажа лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Мицкоски упати остра критика до функционерите во земјава истакнувајки дека ја користат приликата со пандемијата за да си ги полнат џебовите. Тој потенцира дека во овие тешки времиња едниствен министер кој вистински помага и е покрај народот е министерот за внатрешни работи Чулев кој секојдневно оди на терен и ја следи состојбата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.