Слично како и Христијан Мицкоски, и лидерот на СДСМ, Зоран Заев изборната кампања ја почна со хумор на првиот митинг на СДСМ кој се одржа во Битола.

Се сомневам да не има двајца луѓе со исто име и презиме. Еден Зоран Заев кој е тука со граѓаните, кој донесе многу интернационални награди и еден друг Зоран Заев кој се соочува со фејк њуз организрани и финансирани од Будимпешта. Но, пописот ќе покаже дали постои еден или двајца Зорановци со презиме Заев. Ако покаже дека има двајца, бидете сигурни дека се скарани. Но, шегата на страна, ред е да ви кажам зошто сме дојдени. Дојдовме да ви го понудиме најдоброто за Битола. Најдоброто од Битола за Битола, а тоа е Христо Кондовски, рече Заев.

Мицкоски, пак, раскажа анегдота за работењето на едниот одо воеи двајца Зорановци. Или пак, за двајцата… кога не се скарани.

Сакам да ви кажам една сатира која ми ја кажа еден пријател, бидејќи знаете ова се тешки времиња и пред да почнеме со реалноста од која на мнозинството граѓани им е преку глава сакав со вас да ја споделам бидејќи неодминливо многу ме потсеќа на партијата на власт и на премиерот:

Отишол Заев во некое населено место и прашал кои ви се двете најголеми потреби во местово, а тие му рекле градоначалникот цел мандат не ни постави канализација и водоводна мрежа, иако ни ветуваше на минатите избори… И Заев го земал одма мобилниот телефон, почнал да врти по директори, министри половина час, жителите се гледаат… Кога завршил Заев со разговорот, им се обраќа пак на жителите и им вика: „Добро, ете првата ја работа ја решивме, која е втората?“

Епа втората, е да добиеме телефонска мрежа за мобилни, овде нема мрежа за никаков телефон.

…Ете така почитувани мои, ќе изгледаат овие избори, и ќе биде сето тоа идентично со претходните, но овој пат нема да може да излажат затоа што сите ги дознаа, сите ги запознаа какви се и знаат дека на ниеден збор не може да им се верува.

Јасно е дека тоа што го кажуваат нема никаква вредност. А тие нека си мислат дека се најдобри и дека се е најдобро. Некој мора да ги разбуди, а најдобро будење за нив ќе се овие избори, кога народот ќе им каже достоинствено и мудро дека не дозволува да биде излажан и потценет повторно, и дека не само што не е најдобро, туку дека полошо не може да биде. Ја знаеме сите реалноста колку е тешка, ја живееме секојдневно. Ја гледам секојдневно низ очите на луѓето со кои разговарам, рече Мицкоски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.