Откако Кабинетот на Пендаровски објави дека лице од обезбедувањето на претседателот е позитивен на корона, се поставува прашањето дали е доведно во прашање здравјето на шефот на државата.

Иако од неговиот Кабинет убедуваат дека заболеното лице не било го директен контакт со Пендаровски, односно бил од поширокиот тим, никој не може со сигурност да тврди дека тој немал контакт со другигите од тимот ниту пак со соработниците на шефот на државата.

Нејасно е зошто за Пендаровски не важат истите мерки како за лидерите на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ. Зоран Заев и Христијан Мицкоски беа во двонеделна изолација откако беа во контакт со новинарот Гоце Михајловски кој по неколку дена објави дека е позитивен од корона вирусот.

Пендаровски денеска ќе биде во контакт со сите претседатели на партиите на лидерската средба на која ќе се зборува за датум за избори.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.