Вториот ден од работната посета на Будимпешта претседателот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски и потпретседателот Александар Николоски го искористија за работен ручек со претседателот на Комитетот за надворешни работи на Парламентот на Унгарија и еден од основачите на Фидес Золт Немет и пратеникот на Фидес Габор Домос.

На средбата се разговараше за актуелните предизвици на државата на патот кон ЕУ, парламентарната соработка на ниво на сестринските партии, како и актуелната здравствена и економска криза.

Мицкоски беше истакнато дека граѓаните на Македонија премногу долго чекаат на забележителен напредок на патот кон ЕУ, а сето тоа покрај евидентираниот недостаток на реформи, лош стандард и недостаток на правда, е отежнато и со ветото од Бугарија. Друг значаен проблем е катастрофата што се случува во економијата и исклучително високиот степен на корупција која поминува неказнето што е една од причините кочничар за напредок на државата на патот кон ЕУ, истакна Мицкоски соопштуваат од партијата.

Мицкоски ја изрази загриженоста од лошата економска состојба и рецесијата во која се наоѓа нашата земја. Граѓаните очекуваат посигурна иднина и можности за развој, наместо тапкање во место.


Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Николоски се осврна на злоупотребите на власта во повеќе сфери, како и во делот на употребата на законите со европско знаменце како начин да се замолчи опозицијата и без консензус да се протуркаат клучни законски решенија, како што е законот за попис. Николоски истакна дека сите конструктивни предлози на ВМРО ДПМНЕ врзани за пописот беа одбиени и нема таков случај во Европа каде влада без консензус со опозицијата турка попис што е јасен показател дека власта нема чесни намери.

ВМРО ДПМНЕ е за објективен попис кој треба да се спроведе согласно професионалните стандарди применети во напредните европски државни, истакна Николоски.

На средбата беа констатирани добрите односи помеѓу двете сестрински партии како и можноста тие дополнително да се продлабочат. На Македонија ѝ требаат пријатели и размена на искуства и знаења особено во економијата, здравството и другите полиња.

Мицкоски се заблагодари за досегашната поддршка и побара од унгарските пријатели да ги искористат своите позиции за поддршка на европските интеграции на државата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.