Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски и секретарот за меѓународна соработка Тимчо Муцунски ќе присуствуваат на Самитот на Европската народна партија посветен на Западниот Балкан во Љубљана

Самитот е состанок на најмоќното политичко семејство на Европската унија пред одржувањето на Самитот на шефови на Влади на земјите-членки на Европската унија. Самитот на ЕПП ќе го води претседателот на ЕПП Доналд Туск, а е најавено присуство на претседателката на Европската комисија Урсула Фон Дер Лајен, како и премиерите на Австрија, Себастијан Курц, на Словенија Јанез Јанша и на Хрватска Андреј Пленковиќ. Од регионот, покрај Мицкоски, најавено е присуство на претседателот на Србија Александар Вучиќ и лидерот на албанската опозиција Љуљзим Баша.

На крајот на Самитот се очекува усвојување на декларација која ќе даде несомнена поддршка за полноправно членство на земјите од Западниот Балкан во Европската унија, посебно акцентирајќи ја потребата од што побрз почеток на пристапните преговори со Република Македонија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.