Имаше една изјава од директор на Центарот за јавно здравје кој рече дека треба две недели да имаме нула пациенти па потоа да зборуваме за избори, таа изјава како да исчезна. Еве сега пак надлежните велат бројката ни се зголемува, а од друга страна Заев вели ајде на избори. Може да замислите тогаш што ќе ни се случи ако има гласање, ќе се отворат штабовите, ќе почне кампања, рече Христијан Мицкоски, лидер на ВМРО-ДПМНЕ на вечерашното гостување на телевизија Клан.

Здравјето пред се и тоа е нешто што не се менува, а одлуките ги носиме по мислење на експертите. Не може да имате ограничување на движење два дена, а потоа да велите ајде одиме на избори, посочи Мицкоски.

Тој реќе дека граѓаните гледаат како власта бара вонредна состојба, а веднаш потоа да се оди на избори.

Ова создава одбивност кај граѓаните, рече Мицкоски.

Според него Заев може да кажува се, а ВМРО-ДПМНЕ постои заради граѓаните.

Ние мора да се однесуваме одговорно кон граѓаните. Јасно е дека во август и септември нема да има основа за респираторни инфекции и сезонски грипови. Значи одлуките ги носиме врз основа на стручни мислења. Пак ќе речам здравјето пред и над се. И затоа и короната ќе ја надминиме и тригодишната пандемија наречена власт ќе ја поразиме на избори, рече Мицкоски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.