Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, заедно со потпретседателот Александар Николоски и секретарот за меѓународна соработка Стефан Андоновски, одржа средба со амбасадорот на ОБСЕ во Македонија, Клеменс Која.

Како што истакнува Мицкоски, средбата се одржала поради тоа што се ближи крајот на мандатот на господин Клеменс Која, при што му се заблагодарил за долгогодишната посветена работа во Македонија, како и придонесот кој ОБСЕ го дава за градење на институциите, владеење на правото и подобрување на демократските процеси.

Во текот на средбата го истакнав значењето на референдумот кој доаѓа поради наметнатите потценувачки услови за отворена бугаризација и идентитетско редефинирање на Македонија, нешто што владата на СДСМ го прифати.

 

ВМРО-ДПМНЕ поддржува интеграција на Македонија во рамките на Европската Унија без никакви дилеми, но ВМРО-ДПМНЕ нема да поддржи промена на историски факти, откажување од посебноста на јазикот и идентитетско обезличување.

 

Македонија потребно е да тргне во вистинска насока, а тоа може да се случи со референдумот и со предвремени парламентарни избори – порачува Мицкоски.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.